Магична атмосфера на отворањето на „Beach Film Festival”

823

 

Вчерашното отворање на „Beach Film Festival” помина и поубаво од очекуваното.

Самата атмосфера на плажата Оревче беше магична. Месечината, ѕвездите, брановите и видео бимот на езеро на кој се прикажа “Осмиот комесар” беа доволни да им измамат насмевки на лицата на гостите.

Откако филмот заврши, публиката имаше прилика да поразговара со режисерот на филмот, Иван Салај, кој иако вчера неговиот филм се прикажувал истовремено во Пула, тој одлучил да дојде во Охрид.

Гостите му упатија комплименти за филмот, а веќе по неговото завршување, гостите беа желни и за музика. Па така, по проекцијата на филмот, следеше бендот “Риб”, а веднаш по нив свој DJ сет имаше “Cyrillic”.