„Маалски прикаски (1+2)“ на авторот Синиша Станковиќ вечерва во Штип

126
Фото: Ѓорѓи Личовски

Во НУУБ „Гоце Делчев“ во Штип вечерва се одржа Средба со читатели, по повод новата книга „Маалски прикаски (1+2)“ на новинарот и писател Синиша Станковиќ, во издание на „Или-Или“ од Скопје.

Фото: Ѓорѓи Личовски

По скопската промоција во полната сала на Младинскиот културен центар, авторот и неговите пријатели продолжија со средбите со читатели во Струмица, Кавадарци, Битола, Прилеп, Куманово, Велес и вечерва во Штип.

Фото: Ѓорѓи Личовски

Извадоци од книгата прочитаа актерот Марјан Наумов и авторот, а за музиката беа задолжени младите музичари од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“.

Фото: Ѓорѓи Личовски