„Летни приказни“ во „Или-или“

135

Традиционално, на почетокот на летото, од денеска до 1 септември, во книжарницата „Или-или“ ќе се случуваат „Летните приказни“ по десетти, јубилеен пат. Во овие осумдесетина дена љубителите на добрата книга ќе имаат можност да ги купат изданијата на издавачките куќи „Бегемот“ и „Или-или“ со намалени цени од 20 до 70 отсто, како прва нивна заедничка соработка од ваков вид и отворање книжевен мост кон почитувачите на квалитетната литература.
Меѓу понудените 200 наслови, секој од читателите ќе може да пронајде нешто за себе, од нобеловци и наградени европски и светски автори до книгите на новата генерација на македонски писатели, и со тоа да ја збогати својата домашна библиотека со возбудливи книжевни остварувања.