Ленче Здравкин и Омер Калеши добитници на „Мајка Тереза“

68

Хуманитарката од Велес Ленче Здравкин и ликовниот уметник со светска кариера и со потекло од Кичевско Омер Калеши се добитници на државната награда „Мајка Тереза“ во 2018 година. Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата под претседателство на академик Алајдин Абази.

Таа се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката меѓу народите и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

На Здравкин и на Калеши наградата ќе им биде врачена во Собранието на Република Македонија напладне на 26 август – датумот кога е родена нобеловката Мајка Тереза.