Легендарни филмски сцени снимени во светските музеи

71

Алфред Хичкок до Жан-Лук Годар, голем број режисери ги искористија патеките низ големите светски музеи како заднина за сцени во своите филмови. Тоа се простори чии тишина и благородност се погодни за филмските сцени на неизвесност и за некои незаборавни брканици. Ова се некои од легендарните филмски сцени, снимени во музеи, без разлика дали се вистински или имагинарни

„Студена пот“ на Алфред Хичкок
Во овој класик на Алфред Хичкок, на Скоти Фергусон (Џејмс Стјуарт), поранешен детектив измачуван од стари демони, му е наложено од поранешен соученик да ја испита неговата сопруга Маделин Елстер (Ким Новак), за која се сомнева дека е опседната од духот на неговата прабаба. Во една од клучните сцени на филмот, тој ја следи во музејот „Легија на честа“ во Сан Франциско, каде што младата жена медитира пред портретот на нејзината баба. Сè што е вклучено во оваа сцена посочува на неизвесност: празните музејски соби каде што чекорите одѕвонуваат, паралелата помеѓу Ким Новак, нејзината совршена пунџа, и фризурата на жената од портретот, воодушевувањето на Џејмс Стјуарт кога ќе сфати дека неговиот пријател ја кажувал вистината.

„Аферата на Томас Краун“ на Џон Мектернан
Во овој римејк на познатиот филм на Норман Џуисон, музејот „Метрополитен“ во Њујорк е жртва на обид за грабеж од организирана банда, маскирана како членовите на персоналот. Кога тие ќе бидат забележани од музејските тимови, кои се обидуваат да ги запрат со затворање на влезовите, Томас Краун, истакнат бизнисмен (Пирс Броснан), ја користи збунетоста да украде слика од Моне. Оваа брканица во еден од најубавите музеи во светот, со египетски слики и скулптури во заднина, се случува низ опојната музика на „Синерман“ од Нина Симон.

Римејкот на Булеровиот филм „Лудиот ден“ на Џон Хјуз
Култниот филм од осумдесеттите години „Лудиот ден“ на Ферис Булер ја раскажува приказната за еден ден во животот на еден млад студент од Чикаго (Метју Бродрик), кој дента решил да го прескокне училиштето. Придружуван од неговата девојка и неговиот најдобар пријател, тој шета по улиците на градот, танцува на парада, краде автомобил и го посетува Институтот за уметност во Чикаго, каде што размислува за сликите од Едвард Хупер, скулптурите на Џакомети или ја имитира позицијата на скулптурата на Роден.

„Бетмен“ на Тим Бартон
„Господа, ајде да ги збогатиме нашите умови!“, извикува Џек Николсон во улогата на Џокер, влегувајќи во музејот „Флугелхајм“ во градот Готам. Четки, лименки со боја, лустери и стерео во рака, Џокер и неговите соучесници ги вандализираат делата на овој имагинарен музеј, каде што можеме да видиме платна од Дега и Рембрант, фрлајќи лименки со црвена боја врз сликите и импровизирајќи статуи во стилот на Џокер.

„Банда аутсајдери“ на Жан-Лук Годар
На некој Американец му биле потребни девет минути и четириесет и пет секунди за да прошета низ музејот „Лувр“. Но тие решија да го надминат. Сцената е неодолива: Сами Фреј, Клод Брасер и Ана Карина ќе го срушат американскиот рекорд, за две секунди. Сцената инспирира повеќе луѓе да трчаат низ најголемиот музеј во светот, вклучувајќи го и швајцарскиот уметник Бит Липер, кој во 2010 година го постави новиот рекорд од девет минути и четиринаесет секунди.