„Кул­тур­но умет­нич­ки ра­бот­ни­ци“ в не­де­ла на „Са­мер­ленд“

58

Фе­сти­вал­ска­та за­ба­ва про­дол­жу­ва на „Са­мер­ленд“, што се одр­жу­ва на отво­ре­на­та сце­на Школ­ка во Град­ски­от парк во Скоп­је. По из­вед­ба­та на пр­ва­та хип­хоп-прет­ста­ва во ре­ги­о­нот „Цр­ни­ла ре­микс“, сле­ду­ва­ат и на­ста­пи­те на „Амон Мра бенд“ ве­чер­ва, со по­че­ток во 20 ча­сот, и на гру­па­та „Ле­теч­ки пе­ки­не­зе­ри“ во 22 ча­сот. За са­бо­та е за­ка­жан кон­церт на бо­сан­ска­та рок-гру­па „Цр­ве­на ја­бу­ка“ (21 ч.), а в не­де­ла кон­церт ќе одр­жи гру­па­та „Кул­тур­но умет­нич­ки ра­бот­ни­ци“, по­че­то­кот е во 21 ча­сот.

Се­којд­нев­но на „Са­мер­ленд“ има и спорт­ски, за­бав­ни и еду­ка­тив­ни актив­но­сти ка­ко веж­ба­ње ае­ро­бик, зум­ба и кро­сфит, ча­со­ви по ла­ти­но и хип­хоп-тан­цу­ва­ње, ху­ма­ни­тар­но го­тве­ње за без­дом­ни­те ли­ца, из­лож­би на отво­ре­но, цр­та­ње во жи­во, дет­ски ра­бо­тил­ни­ци, ка­ко и про­гра­ма за де­ца.

Фе­сти­ва­лот е под по­кро­ви­телс­тво на гра­дот Скоп­је и има цел да би­де при­јат­но ме­сто за си­те скоп­ја­ни во те­кот на ју­ли, кат­че под ве­дро не­бо ка­де што се­којд­нев­но мо­жат да го по­ми­нат сло­бод­но­то вре­ме, да се ре­кре­и­ра­ат, да се дру­жат и да ужи­ва­ат во бо­га­та­та кул­тур­но-умет­нич­ка про­гра­ма.