Краткиот игран филм „Види ја ти неа“ во април на фестивал во Виена

150

Краткиот игран филм „Види ја ти неа“ по сценарио и режија на Горан Столевски идниот месец ќе се натпреварува во програмата на 6. LЕТ’S CEE филмски фестивал во Виена.

Фестивалот под мотото „Опасно добри филмови“ ќе се одржува од 13-ти до 22 април, Во фокусот се филмови од Централна и Источна Европа, Турција и регионот Кавказ.

Филмот на Столевски, кој победи на фестивалот Санденс, во Виена ќе има две проекции, на 19-ти и на 22 април. „Види ја ти неа“ е приказна за Анета, девојка што се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето, вклучувајќи се во исклучиво машки верски ритуал – скокање по крстот за Водици.

Улогите ги толкуваат Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички, Антонија Белазелкоска, Милица Стојанова, Жарко Јовановиќ, Иво Антов, Виктор Арсов, Симон Манасковски, Изабела Новотни и Горан Илиќ.