Ансамблот за песни и игри „Танец“ од Скопје синоќа одржа концерт во Кичево. Големата сала од Центарот за култура беше преполна со љубители на македонски песни и ора.

Концертот беше преполн со динамика и разновидност. Многубројните присутни можеа да ги проследат ората Раштак, Осоговка, Копачка, Тресеница, додека вокалистите на „Танец“ испонија повеќе песни, а не изостанаа ни инструментални изведби на реномираниот оркестар.

-Танец и вечерва покажа дека е најдобриот репрезент на македонскиот фолклор каде и да се појави. Нивниот настап беше одличен. Во сите фази од концертот, од играорците до вокалистите и оркестарската изведба, делуваа совршено и можеме да жалиме што овој ансамбл почесто не е присутен во нашиот град- истакна Младен Ванчоски, претседател на едно од локалните друштва.

З.А.