Концерт на етно-составот „Монистра“ во Прилеп

67

Етно составот „Монистра“ в четврток, на 16 август, ќе одржи целовечерен концерт на просторот околу Градскиот саат во Прилеп. 

На концертот, етно составот „Монистра“ ќе исполни изворни народни песни, ќе отсвири виртуозни ора и ќе го претстави својот специфичен музички израз, кој  досега го промовирале на бројни музички манифестации и фестивали низ Македонија и во странство. 

Етно-составот „Монистра“ кој има цел изучување, негување, чување и презентирање на најубавиот дел од културното наследство на Македонија, го сочинуваат: Александар Јовевск – кавал, тамбура, гајда, Габриела Јанушеска – вокал, Филип Николовски – тамбура, Јован Стрезовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски и Дамјан Зифовски – ударни инструменти. 

Концертот е со поддршка на Министерството за култура.