Концерт на дуото Калиопе на „Интерфест“ во Битола

50

Калипе ДУО од Германија вечер ќе одржи концерт во Завод Музеј Битола во рамки на фестивалот „Интерфест“.

Дуото е формирано во 2002 година со поетското име на музата на антиката „Калиопе“. Го сочинуваат виолинистот и диригент Арташес Стамболизијан и пијанистката Зара Стамболизијан, кои студирале во Ереван, Ерменија, а потоа во Хановер, Германија каде и денес живеат и работат.

На нивниот репертоар се ремек дела на музичкото творештво. Настапувале на фестивали во Германија, Австрија, Ерменија, Франција, Италија, Романија. Имаат снимено два компакт дискови со камерна музика.

На концертот во Битола ќе се претстават со музика од Корели, Шуберт, Шуман, Брамс, Свендсен и Барток.