Концерт на австрискиот дувачки квинтет „Јозеф Хајдн Брас“

34

Дувачкиот квинтет „Јозеф Хајдн Брас“ од Австрија вечер на плоштадот „Мајка Тереза“ ќе одржи концерт во рамки на „Скопско лето 2018“ и по повод австриското претседателство со Советот на Европската унија.

Во квинтетот настапуваат Петер Бауер и Јохан Штангл на труба, Роберт Поперл на тромбон, Гинтер Клајдости на туба и Флориан Јанежич на хорна.