Конкурсот „Антево перо“ отворен до 31 август

127

До 31 август е отворен конкурсот за необјавена поетска книга за автори што творат на македонски јазик, која ја доделува Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“, востановена во чест на творештвото на Анте Поповски. Манифестацијата планира издавање на победничкиот наслов и негова промоција кон крајот на септември, со неколку читања во спомен-собата на Анте Поповски во општината Ѓорче Петров и во родното место на авторот – Лазарополе.

Пристигнатите авторски дела ќе бидат разгледувани од петчлена комисија, во состав: Венко Андоновски (професор и писател), Кристина Николовска (професорка и писателка), Митко Гогов (писател), Атина Цветаноска (книжевна истражувачка) и Жорж Поповски (новинар, член на семејството на Анте Поповски).