Книжевно пладне со Трајче Кацаров

41

Книжевно пладне со писателот Трајче Кацаров ќе се одржи денеска, во 12.30 часот, во Спомен-собата на Миладиновци во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. На средбата ќе биде промовиран неговиот роман за деца „Не паркирај гаража“, добитник на наградата за литература за деца „Ванчо Николески“ на ДПМ за 2018 година.

Романот ќе го промовираат Мито Спасевски и Христо Петревски, а извадоци од награденото дело ќе читаат ученици од ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје.