„Книжевни магнитуди“ во „Јавна соба“

80

Настанот „Книжевни магнитуди“, чиј домаќин е Марта Маркоска, а гости се Тихомир Јанчовски и Душко Крстевски, ќе се одржи вечерва во 20 часот во „Јавна соба“. Слоганот е „На ти со авторот. Без цензури. Запознајте го човекот-автор за подобро да го разберете неговото творештво!“.

Ова e прв настан од ваквиот тип во Македонија каде што секој слушател/читател има можност да го запознае авторот одблизу и да го праша сè што сака, за него и за делото, бидејќи разговорите се водат како отворена трибина, без цензура. Македонските поети заслужуваат достојно да бидат претставени пред што поголема слушателска, а потоа и читателска публика без разлика на која генерација ѝ припаѓаат. На овој начин, младите авторски генерации ќе добијат поголем публицитет пред постарите, и обратно, постарите ќе ја добијат должната почит пред помладите генерации.