Книга и изложба за сценографот Живојин Трајановиќ

30

Националната опера и балет, во соработка со Дирекцијата за култура и уметност, организира промоција на книгата „Сценографското дело на Живојин Трајановиќ“ од Владимир Величковски, и изложба од уметничкото творештво на академскиот сликар-сценограф Живојин Трајановиќ, денеска, во 12 часот, во фоајето на НОБ. Изложбата ќе опфати идејни решенија за голем број претстави, презентирани во вид на скици. Концепциски е поделена на оперски, балетски и драмски дел, бидејќи речиси целиот работен век Трајановиќ го поминал како сценограф на операта во Националната опера и балет.

На промоцијата ќе се обратат: авторот Владо Величковски, Татјана Филиповска, промоторка, Васо Ристов, директор на Националната опера и балет, Костадин Костадиновски, музиколог, и Снежана Конеска-Руси, модераторка.
Присутните ќе имаат можност да проследат кратка музичка програма во изведба на оперските солисти Славица Петровска Галиќ, Марјан Николовски, Васко Здравков, со пијано-придружба на Елена Силјановска и балетската солистка Ивана Коцевска.