Клаудија Кардинале во Битола ќе ја прими специјалната златна „камера 300“

1496

Клаудија Кардинале, светски познатата филмска актерка, ќе учествува на свеченото отворање на 39. интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (22-29 септември), кога и ќе ѝ биде врачена специјалната златна „камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Таа реализирала над 175 улоги во долгометражни филмови и краткометражни филмови и во телевизиски серии, а добитничка е на над 35 награди и признанија.

Натпреварувачкиот дел од годинешната фестивалска програма ќе го оценува стручно жири, предводено од Олимпија Митилинау, кинематограферка од Грција.