„Караманови средби“ во Радовиш

107

Годишните 46 „Караманови средби“ ќе се одржат од 22 до 24 ноември во Радовиш. „Карамановите средби“ оваа година се организираат во знакот на големиот јубилеј „1000 години Радовиш“.

Добитник на главната награда е големиот европски и светски поет Хусто Хорхе Падрон, кој ќе биде претставен од страна на Кристина Николовска.

Во склоп на програмата ќе бидат доделени три награди: Европска награда награда за поезија „Ацо Караманов“, која годинава му се доделува на големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон, Балканска награда за поезија „Ацо Караманов“, која ја добива хрватскиот поет Валерио Орлиќ за поетската книга „Обележувам ѕвезди“, и наградата „Караманов“ за најдобра книга од македонски автор која годинава ја добива Даниела Андоновска-Трајковска за книгата „Електронска крв“.