Канскиот фаворит „120 отчукувања во минута“ во „Милениум“

34

Францускиот филм „120 отчукувања во минута“ на режисерот Робин Кампиљо (Мароко, 1962) од завчера е на репертоарот на киното „Милениум“. Филмот беше фаворит на Канскиот филмски фестивал, не доби „златна палма“, но освои гран-при на фестивалот.

Филмот е чувствителна историска драма заснована на личните искуства на сценаристот и режисерот, со група активисти од „Акт ап“ во 1990-тите години во Париз. Посветен е на ХИВ-позитивните луѓе и нивните пријатели што водеа мирни протести против фармацевтската индустрија и политичарите.