На сцената на Националната опера и балет, вечерва, во 20 часот, ќе биде изведена операта „Кавалерија рустикана“ на Пјетро Маскањи, во режија на Џандоменико Вакари од Италија. Сценограф е Зоран Николовски, а костимографка Елена Дончева. Ќе настапат оперските солисти: Весна Ѓиновска Илкова во улога на Сантуца, Ѓорѓи Цуцковски како Туриду, Борис Трајанов како Алфио, Николина Јаневска во улогата на Лола, Соња Пендовска Мадевска како Мајка Лучија, како и членовите на хорот и оркестарот, под диригентската палка на Иван Еминовиќ.