И Македонија гласа за најдобриот европски филм

274

Европската филмска академија оваа година ги селектира филмовите: „Девојка во бегство“ во режија на Сандра Ванучи, „Револуција на дрвените коњчиња“ во режија на Селма Вилхунен и „Волеј“ во режија на Берни Голдблат, кои ќе се прикажуваат истовремено во 45-те града низ цела Европа

В недела ќе се одржи седмото издание на Европскиот филмски ден на млада публика, на кој ќе се избира најдобриот европски филм за деца. Агенцијата за филм на РМ, во соработка со Европската филмска академија (ЕФА), по четврти пат во Скопје го организира овој настан, кој годинава се одржува во рекорден број од 46 европски града во 37 земји.
Целодневниот настан ќе се одржи на 6 мај во Кинотеката на Македонија. Во жирито ќе бидат млади на возраст од 12 до 14 години, кои во текот на целодневниот настан ќе ги проследат трите номинирани филма, ќе имаат можност да дискутираат за нив и директно да комуницираат со своите врсници од Европа преку пренос во живо.

Европската филмска академија оваа година ги селектира филмовите: „Девојка во бегство“ во режија на Сандра Ванучи, „Револуција на дрвените коњчиња“ во режија на Селма Вилхунен и „Волеј“ во режија на Берни Голдблат, кои ќе се прикажуваат истовремено во 45-те града низ цела Европа. По проследувањето на филмовите, младите преку гласање ќе треба да го изберат најдобриот европски филм, кој свечено ќе биде прогласен за победник на официјалната церемонија што се одржува во Ерфурт, Германија. За време на настанот младите од сите земји ќе бидат поврзани меѓу себе преку лајвстрим, ќе имаат можност да бидат дел од официјалната церемонија, додека преку комуникациска платформа ќе имаат можност, освен да комуницираат меѓу себе, наедно и да им поставуваат прашања на режисерите, актерите и на продуцентите на филмовите. Номинираните филмови се достапни онлајн за јавноста и може да се гледаат во текот на целата година.