Ирина Тошева на интернационално модно шоу во Црна Гора

181

Под ѕидините на Стариот град, покрај Јадранско море, викендов се одржа второто интернационално издание на Улцињ Фешн Најтц 2018. Меѓу 11 дизајнери претставник од Македонија беше дизајнерката Ирина Тошева.

-Реакциите на публиката беа одлични, ме радува што и сите потпевнуваа и забавуваа додека траеше ревијата. Звуците на морето при секоја пауза меѓу ревиите беше дополнителна магија- изјави таа.

Со 13 модели, преплет од неколку колекции, умешно комбинирајќи ги и поврзувајќи ги со рачна доработка Тошева создаде нова весела приказна. Меѓу моделите имаше и два изгледи кои се најава за новата колекција есен/зима ‘18/19.