Интернационална стрип колонија „Велес 2019“

97

Од 21 до 25 август годинава, Велес е домаќин на 17. Меѓународен салон на Стрип „Велес 2019”. Колонијата ја организира Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес. Оваа колонија е дел од Годишната програма на Министерството за култура на Р. Македонија.

Уметниците имаат можност да ги разменат своите искуства и да творат на слободна тема.

– Оваа стрип колонија е единствена од ваков тип не само во државата, туку и на просторот на балканските држави. Втор пат ја организираме, а поканетите учесници создаваат стрипови кои ќе бидат преставени на јавноста преку изложба организирана во Велес. Создадените творби ќе бидат презентерани и популаризирани и во државите од кои доаѓаат учесниците, а ќе бидат објавени и во стрип ревијата „Креатор“ – истакна извршниот директор на Стрип центарот, Ване Трајков.

Покрај домашни имиња меѓу кои Стојче и Емилија Тоциновски, Јана Бутеска, Ана Мариа Стефаноска, Ангела Петрушевска, Васил Гаврилов, Оливер Цветковски и Сибел Исмаилова на втората стрип колонија, учествуваат реномирани имиња од пет други европски држави, Кирси Салонен од Финска, Владимир Весовиќ и Ана Циглар од Србија, Марко Ѓешка од Хрватска, Исток Ситар од Словенија и Василис Герку од Грција.