Илиана Петрушевска изложува во Битола

127

Во малата сала на Заводот и музеј-Битола е отворена изложбата „Ол ис дрим“ на Илиана Петрушевска, графичка дизајнерка во Музејот на современата уметност во Скопје. Презентирани се 48 монотипии, со рачно изработена хартија, во кои, како што посочуваат од музејот, на централно место е кругот, каде што низ колажи од стихови од познати музички композиции, филм, поезија, авторката ја проткајува повеќеслојноста на својот идеен концепт. Илиана Петрушевска дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, авторка е на самостојни и групни изложби.