Изложбa на дела од ликовната колонија „Де Ниро“

73

„Странски автори на меѓународната ликовна колонија ‚Де Ниро‘“ е насловот на изложбата, која утревечер ќе биде отворена во изложбениот салон на Културно-информативниот центар во 20 часот. Ќе бидат претставени 30 дела од исто толку странски автори, реализирани на познатата колонија во земјава во период од 15 години.