Изложба „Полска низ фотографии – пред очите на македонската јавност“

105

„Полска низ фотографии – пред очите на македонската јавност“ е насловот на изложбата што ќе биде отворена вечер во Домот за култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежници) во Скопје.

Изложбата е резултат на соработката меѓу корисничките групи „Викимедија Полска“ и „Споделено знаење“ од Македонија, во чест на одбележување на јубилејот на 100-годишнината од возобновувањето на независноста и државноста на Полска.

Претставени ќе бидат 20 слики од природата и од историски градби и знаменитости во Полска кои се дел од полското заштитено природно и културно наследство, а се дело на корисниците на Викимедија и Википедија на полски јазик, од кои поголемиот дел учествувале како најдоброоценувани фотографии на фотографските натпревари „Вики ја сака земјата“ и „Вики ги сака спомениците“.

На отворањето ќе се обрати амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Војчех Тичињски.