Изложба на фотографии „Скриени шепоти“ од Мухамедали Алили – Дали

60

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва со почеток во 20 часот ќе биде отворена и зложба та на фотографии   „ Скриени шепоти“ одакадемскиот уметник Мухамедали Алили – Дали

Изложбата содржи 30-тина фотографии од неговото најново творештво. Фотографиите на уметникот успеваат да доловат моменти и да ја исполнат празнината, пишува за творештвото на уметникот, Фахредин Шеху од Приштина.

-Неговите дела се во потполна согласност со природата, како што и уметноста треба да биде. Во овој долг пат на самореализација, односно уметничка зрелост, Алили успева да ја отслик а својата чувствителна уметничка душа,   посочува Шеху.

Кумановецот Алили дипломирал на ФЛУ Скопје во 2000 година на  отсек графика, во класата на професор Димитар Малиданов. Се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија. Учествувал на многу групни изложби во Македонија и странство. Добитник е на награди и признанија во државава и надвор од неа.