Изложба на фотографии „Лазарки“ во ЦСЛУ во Прилеп

31

Тематската изложба „Лазарки“ ќе биде отворена вечерва од 19 часот во Центарот за современа ликовна уметност во Прилеп. Воедно на изложбата „Лазарки – традиционални женски обреди од Струшко Поле и Дримкол“ ќе може да се дискутира за Лазарките како богато културно наследство од Струшко Поле и Дримкол.

Преку изложбата на фотографии се прави обид да се претстави ликот на македонското девојче Лазарка од предели каде обредните активности поврзани со празнувањето на празникот Лазарева сабота се сочувани со голема архаичност. Ова се активности за популаризација на Лазара, обичај кој годинава е прогласен за заштитено нематеријално културно наследство.

Проектот е финансиран од Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата. Имплементиран е од Здружение на граѓани Менелај – Прилеп, а поддржан од Центар за современа ликовна уметност и ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп. Ка.М.