Изложба на уметнички фотографии „Будимпештански приказни“ во Кавадарци

31

Во рамките на низата културни настани кои во повеќе македонски градови ќе се случуваат како дел од пошироката Унгарска културна сезона“ во регионот вечерва во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци ќе биде отворена изложба на уметнички фотографии од познатите унгарски фотографи Имре Кински и Ото Кајзер насловена како „Будимпештански приказни. Изложбата е дел од културните настани кои се организираат во годината кога се прославува 25 годишнината од почетокот на дипломатските односи меѓу двете држави.

На изложбата со фотографиите од Будимпешта на Имре Кински и Ото Кајзер се повлекува паралела меѓу 40-те црно – бели фотографии на Кински, жртва на Холокаустот , и фотографиите од современа Будимпешта на Кајзер.

Еден град. Навидум камења и луѓе. Но зад играта на светлата и сенките има ситни раскази. Сликите на двајцата фотографи, ги бришат податоците за годините и ги маскираат местата на настаните. Сликите на Имре Кински направени на почетокот на дваесеттиот век и скоро !)) години подоцнежните фотографии на Ото кајзер ги раскажуваат речиси истите приказни. Левитацијата на двајцата се сплетува во една приказна за Будимпешта, затоа што восхитт, со кој што се вртат кон камењата , е истоветен со љубовта, сокоја што се вртат кон луѓето.

Се очекува изложбата да ја отвори амбасадорот на Унгарија во Македонија д-р Ласло Дукс .

Мирјана Мукаетова