Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија вечерва во КИЦ во Скопје

102

Делата од 25. Интернационална Кичевска ликовна колонија, вечерва ќе бидат претставени во Културно информативниот центар на град Скопје. Изложбата ќе биде отворена во 20 часот, а за отворена ќе ја прогласи уметничкиот директор, Горан Донески.

-Како и секоја година така и годинава делата изработени на Интернационалната Кичевска ликовна колонија, што годинава по 25. јубилеен пат се одржа во Кнежино, ќе бидат претставени во главниот град во КИЦ со почеток во 20 часот. Пред скопските љубители на уметноста ќе бидат претставени 20 дела од исто толку автори. На отворањето се очекува да бидат присутни и дел од уметниците кои ова лето твореа на јубилејната колонија. Изложбата во главниот град ќе биде отворена во наредните седум дена- истакна Горан Донески.

Генерален покровител на оваа колонија, една од најреномираните во земјава е АД „Тајмиште“ Кичево.

З.А.