Изложба на археолошкиот локалитет Стоби

396

Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби, в недела, во 16.30 часот, на археолошкиот локалитет ќе ја отвори ретроспективната изложба насловена „Локалитет бр.5“ на уметникот Љубомир Милошески од Струга. Изложбата претставува заокружување на 20 години творештво на авторот во Македонија и надвор од неа.

Станува збор за исклучително специфичен израз, актуелен на светската ликовна сцена во поново време и вклучува уметничка инсталација, скулптура и фотопринтови. Публиката ќе има можност во реално време да види содржини во рамките на визуелната уметност, кои се случувале кај нас многу порано. За жал, досега не било практика светските ликовни практики да бидат испочитувани во јадрото на нашата држава.