Изложба „Музејот во Кавадарци низ фотографии 2018 – 2020“

152

Денес во 12 часот во Музе-галерија Кавадарци беше отворена изложба под наслов „Музејот во Кавадарци низ фотографии 2018 – 2020“.

На изложбата на 300 фотографии ретроспективно беа презентирани моменти од отворањето на изложби од ликовна и музејска дејност, Спомен соба на Никола Бадев, промоции и настани реализирани во последните три години.

Врз основа на архивска фотодокументација во Музеј-галеријата беа презентирани околу 40 настани што воедно беше можност да се потсетиме на активностите на музејот и исклучително значајните настани од културата како и уметниците кои со својата уметност беа дел од културното живеење на градот.
На отворањето на изложбата говореа соработниците Трајче Цветков и Билјана Галабова и авторот на изложбата Весна Ѓорѓиева.
– Целта на изложбата е да ја потсетиме јавноста на настаните реализирани во Музеј галерија финансиски подржани од општина Кавадарци и Министерството за култура. Изложбата е резултат на тригодишни културни збиднувања од музејска и ликовна дејност ( изложби, промоции и настани) ретроспективно преку призмата на фотографијата но не како уметничка фотографија туку како музејска документација, архивски свидетел од фрагменти и моменти од културните настани. Навистина жалам што поради состојбата со ковид -19 присуството го сведовме на минимум, согласно протоколите, но се надевам дека во некои подобри времиња ќе ја репризираме па гледано од подолга временска дистанца и нејзиното значење ќе биде уште поголемо – изјави авторот на изложбата Весна Ѓорѓиева кустос-советник и автор на изложбата.