Изложба „Манастирски бисери“ во Музеј-галерија Кавадарци

741

Изложба на фотографии, иконопис и резба насловена како „манстирски бисери“ ќе биде отворена денеска во Музеј-галерија Кавадарци. Со изложбата ќе бидат опфатени  манастирските цркви : Свети Ѓорѓи- Полошки манастир од 14 век, Свети Никола- Моклишки манастир  од 16 веки Цв. Архангел Михаил – Бошавски манастир од 19 век.      

-Кавадарци и Тиквешијата се составен дел од  огромната  културна ризница што ја има Македнија на цркви, манастири и црковен мобилијар. Ова значајно движно и недвижно културно наследство го вбројува нашиот народ во ретките творци неимари- градители, живописци и иконописци кај нас и во светот. Црквите и манастирите во Тиквешијата како центри на духовната култура имале мошне  голема улога и во ширењет на  описменувањето и образованието на населението од овој крај. Тие биле седиште на првите ќелијни  училишта во овој дел на Македонија кое датира од триеетите години на 18 ве, најнапред во Полошкиот а подоцна и во Моклишкиот манастир. Манастирските конаци располагале  и со бгати библиотеки во кои имало богат фонд на црковни книги и стари ракоиси. Плошкиот манастир Св. Ѓорѓи располагал со богата библиотека  која се мерела со 50 товари книги а Моклишкиот со околу 20 товари книги – вели  авторот на изложбата Весна Ѓорѓиева од Музе-галерија Кавадарци

Ѓорѓиева потенцира дека црквите и манастирите во Тиквешијата се места каде биле напишани и издадени првите литертурни и духовни  дела од овој крај. Свештеникот Симеон од Бошавскиот манастир во 1962 година напишал книга со  интересни метеоролошки податоци. Ова дело заедно со Тиквешкиот зборник пронајден во селото Мрзен Ораоевц претставуваат најстарите зачувани пишани материјали за овој крај. Во истиот манастир 1740 година свештеникот христо Грамотик од сел Конопиште напишал книга посветена на игуменот Калиник од Бошавскиот манастир. Оваа книга била со поучни содржинии денс се наоѓа во Народната библиотека во Белград.

-Средновековните  манастири во Република Македонија и движното културно наследство што го поседуваат се одраз на религиозната традиција и богатиот народен дух,инспириран од православната вера и уметничките квалитети на нашиот народ- додава  Весна Ѓорѓиева виш кустос – историчар на уметноста.

Мирјана Мукаетова