Изложба „Имагинарни знамиња“ во Мала станица

112

Во среда на 11 ноември 2019 година во 20 часот во мултимедијалниот центар Мала станица при Националната галерија ќе биде изложен мултимедијалниот проект „Имагинарни знамиња“ од Маја Стефановска и Ален Реџепагиќ.

Милтимедијалниот проект претходно беше изведен во рамките на 35-от интернационален фестивал „Сараевска зима“ во периодот од 19 до 26 февруари 2019 година во Сараево, Босна и Херцеговина.

Проектот е составен од 12 отпечатоци со димензии 115×160, видео документација, аудио запис и перформанс. Отпечатоците претставуваат имагинарни знамиња (амблеми) без конкретни симболи на каква било припадност (национална, верска, политичка, расна, родова) така што мотивите не упатуваат, ниту пак асоцираат на одредена заедница или идентитет. Тие единствено ги претставуваат вистинските и трајни човекови вредности како емпатија, љубов, култура, животни ресусрси, односно симболизираат благосостојба и се репрезент на она што е суштинско во битисувањето наспроти формализацијата од каков било вид.

Целта на проектот е да ја покаже неуништливоста на суштинските човечки вредности.