Изложба за сакралните објекти и руралната архитектура во Скопско

64

Центарот за културно и духовно наследство денеска напладне во Музејот на македонската борба ќе отвори изложба на  Дарко Николовски – „На маргините на Скопскиот Регион, сакрални објекти и рурална архитектура“.

Изложбата е фотосторија на Николовски и го опфаќа богатото културно наследство кое, и покрај видно нарушената состојба, сведочи за автентичноста и континуитетот на македонската градителска и зографска традиција.

– Направен е избор од голем број споменични добра во Скопскиот Регион но, пред сè, на оние кои се оставени на маргините од каде полека, но сигурно, одат во заборав од луѓето и времето, соопшти Центарот за културно и духовно наследство.

Изложбата се реализира со поддршка на Град Скопје и ќе може да се посети до 3 декември.