Изложбата „Пејзажни знаци“ во Прилеп

33

„Пејзажни знаци“ е тематската изложба од Давид Атанасоски, отворена во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

– Пејзажните знаци низ математиката, геометријата и естетиката се инспирација за создавање ликовни дела материјализирани од отпадни хартии. Оваа ликовна инсталација од ѕидни објекти е генерирана од локалниот биоотпад, трансформиран во галерискиот простор – вели авторот.

Давид Атанасоски заврши Факултет за ликовни уметности во Скопје, во 2018 година, отсек вајарство со конзервација и реставрација, во класата на професор Исмет Рамиќевиќ. Досега има реализирано повеќе групни изложби во родниот Прилеп, во Скопје и на почетокот од годинава во Њујорк.