Излезе книгата „Свесно мајчинство“ од Нада Бучевиќ

33

Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Свесно мајчинство“ од хрватската авторка и мотивациска говорничка Нада Бучевиќ. Преводот на македонски е на Ирена Трајкова.

– Ви го пишувам сето она што и самата посакував да го знам за бременоста и за првите денови од мајчинството, но, за жал, таква книга тогаш не постоеше… Барав книга што би го опишала вистинското искуство на жената од нејзиниот внатрешен свет. Барав книга што не ги храни моите стравови, туку ги трансформира во она искуство поради кое бременоста и се нарекува блажена состојба. Не ја најдов. Затоа сега ја пишувам. Сакам оваа книга да ви служи во таа насока – вели Бучевиќ.

Нада Бучевиќ е родена во 1978 година во Сплит, Хрватска. Професорка е по кинезиологија и заедно со својата сестра Ана ја има почнато програмата за воспитување „Сафари на духот“, која го акцентира себевоспитувањето кај родителите како прв чекор при правилното воспитување