Излезе книгата „Антологија на старогрчки поговорки и мудрости“

38

Во издание на издавачката куќа „Паблишер“ неодамна излезе книгата „Антологија на старогрчки поговорки и мудрости“ од приредувачот Валериј Софрониевски. Антологијата содржи избрани поговорки од сите збирки што го сочинуваат „Corpus Paroemiographorum“ или/и во добар дел од „Адагија“ на Еразмо Ротердамски. Освен тоа, во неа се вклучени и наводи, изреки, сентенции или мудрости од разни умни и мудри глави од времето на Античка Грција.

Поговорките, тие кратки книжевни творби создадени на крстопатот меѓу културата и лингвистиката, претставуваат моќни културни артефакти, бидејќи истовремено се и метоними (кратки фрази што упатуваат на поголеми наративни структури) и понуди за метафора (бараат од корисниците да се ангажираат во процесот на алегорија, проектирајќи наратив преземен од традицијата врз актуелни настани или околности). Раскошни во својата едноставност, овие поговорки се вистински мали бисери на мудроста.