Изведба на „Самсон и Далила“ во Националната опера и балет

93

Во сабота, 15 февруари, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс.

„Самсон и Далила“ e приказна за страста, заведувањето, предавството и смртта, во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во главните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија).

Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго. 

„Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.

Билетите се веќе во продажба на билетарницата на Националната опера и балет и онлајн на www.operabalet.mk.