Изведба на балетскиот спектакл „Клеопатра“ на Денот на жената

535

На Денот на жената, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе биде изведен балетскиот спектакл „Клеопатра“ – разнобојно дело што во многу аспекти ги надминува рамките на класичниот балет. Музиката за „Клеопатра“ е специјално компонирана од авторката Нерија Голдберг од Литванија, кореограф е реномираниот Василиј Медведев од Русија, сценограф/костимограф Павол Јураш (Словачка), а либретото е на Јана Темиз од Турција.

Во главните улоги настапуваат Александра Мијалкова – Клеопатра, Васил Чичијашвили (Грузија) – Цезар, Бобан Ковачевски – Марко Антоние, Марија Кичевска Шокаровска -Октавија, Мими Поп Алексова Атанасовска – Змија. Солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот се на МОБ, а диригентка е Бисера Чадловска.

Македонската публика ќе има уникатна можност да го проследи балетот што сѐ уште не е поставен во друг театар во светот.