Изведба на балетската претстава „Либертанго“

23

Во Националната опера и балет, со почеток на 20 јуни во 20 часот, публиката ќе може да ужива во балетската претстава „Либертанго“ од Астор Пјацола. Претставата нè води низ приказна што ни ги покажува создавањето и патот на тангото или танцот на страста, желбата, љубомората, љубовта, привлекувањето…

Уличен танц што го достигнува пиедесталот на светската танц-сцена. Приказна поврзана со историјата на семејството Пјацола и уметничкиот раст на Астор Пјацола со кој се искачи на пиедесталот на светската танцова сцена.

Кореографка е Сабрина Боско (Италија), а режисерка и либретистка, Наташа Поплавска. Автор на сценографија и костимите е Александар Ношпал. Настапуваат: Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили (Грузија), Марија Кичевска Шокаровска и Игор Веланоски.