Зимски фестивал на книгата

82

Во книжарниците на издавачкиот центар „Три“ почнува уште едно издание на Зимскиот фестивал на книгата, настан што ги слави книгите и читањето и ја отвора сезоната на попусти на изданијата на „Три“ и „Паблишер“, како и на дел од ексклузивните изданија од понудата на книжарниците.

– Зимскиот фестивал е веќе препознатлив настан што со години ја популаризира книгата во пресрет на празниците и сезоната на подарување. Убедени дека годината треба да заврши, а новата да почне во знакот на книгите, дека за празниците треба најмногу од сѐ да се подаруваат книги, а слободните денови да се поминуваат во читање и споделување омилени мисли, во своите книжарници обезбедивме широка фестивалска понуда од над 1.000 изданија со специјален фестивалски попуст од 20 до 70 отсто, како и оригинално украсување на книгите збогатено со картички со празнични пораки – велат од „Три“.