„Звукот на идната генерација“ – концерт на Филхармонија

264

Следејќи ја традицијата, и годинава Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој како солисти ќе настапат талентирани студенти од државните факултети за музика во земјава, а кои се избрани по пат на аудиција.

Вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи симфонискиот концерт „Звукот на идната генерација“ под диригентство на маестро Борјан Цанев. На програмата се дела од Меркаданте, Бојаџиев, Рахманинов, Крусел и Брамс, а ќе настапат студентите: Јана Каевска – флејта, Стефан Илиев – труба, Иван Трајковски – пијано, Ангел Селим – кларинет и Ева Богоевска – виолина. Во текот на јуни, Македонската филхармонија ќе одржи уште два концерти во Градскиот парк, под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“.