Започнува седмиот Меѓународен џез фестивал во Прилеп

56

Од вечерва до сабота, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 7-от меѓународен џез фестивал, чија цел е промоција и популаризација на џезот и на уметноста на импровизирана музика во Македонија.

Годинава фестивалот нуди интересна програма, која е комбинација на медитеранскиот, врвен балкански џез и македонски џез.

На отворањето вечерва први ќе настапат „Кеко Форнарели Трио“ од Италија, а потоа на летната сцена од центарот е настапот на скопската група „Фиарс“ и на извонредниот македонски џез музичар, Владимир Четкар.

Во петок 31 август, публиката ќе може да ужива во настапите на Јордан Костов и „Шангај Интенс“, на „Палете Ансамблот“, односно „Сократис Воцкос Квартет“, а вечерта ќе ја затвори бендот на Васил Хаџиманов.

Последниот фестивалски ден е резервиран за Јаков Дренковски, французите „Ле Бал Пури“ и српската група „Деца Лоших Музичара“.

Ка.М.