Започнува меѓународната „Ликовна колонија Михајлово“ 2019

149

Традиционално со ликовна изложба и годинава ќе започне меѓународната „Ликовна колонија Михајлово“ Кавадарци 2019 за која е најавено учество на педесетина ликовни уметници.

Вечерва во 20 часот во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ ќе биде отворена ликовната изложба на Сандра Блажева од Софија, Република Бугарија, додека отворањето на колонијата е предвидено веднаш потоа во Хотел „Уни Палас“ по што ќе следи рок концерт на кавадаречки рок групи.

Организаторите на колонијата најавуваат уште неколку настани во деновите кога се одржува и тоа на 22 август изложба на ликовниот уметник Тони Чатлевски од Прилеп во Музеј галерија Кавадарци, џез концерт на Тони Китановски Трио и Сашо Поповски Трио на 25 август, додека на затворањето на колонијата на 26 август покрај изложбата на создадените дела ќе биде промовирана книгата „Боите на небото и земјата“ од м-р Владимир Темков.

Ми.М.