„Заборавените кукли“ театарска претстава за деца во ЦК Кичево

197

Во Центарот за култура во Кичево денеска ќе гостува Народниот театар од Битола, кој за најмладите од Кичево ќе ја прикаже театарската претстава „Заборавените кукли“.

Автор на текстот за оваа драмска претстава е драматургот од Битола, Биљана Крајческа. Улогите ги толкуваат Викторија Степаноска-Јанкулоска, Илина Чореска и Маја Андонова-Илиевска.

-Оваа театарска претсава се навраќа на неверојатните доживувања зошто децата комуницираат на еден асоцијален начин, кој ги отуѓува од дружењето и ги прави да живеат во еден виртуелен свет, чија карактеристика е себичноста наспроти другарството и несебичноста. Љубов со која преку вистинската игра ќе го создаваат светот одново – се вели во драмската претстава на Крајческа „Заборавените кукли“.

Целна група на оваа претстава се најмалите од училишна и претшколска возраст. З.А.