ЕХО Фестивал за планински филм од 5 до 9 октомври

19

Единаесеттото издание на ЕХО Фестивалот за планински филм ѓе се одржи од 5 до 9 октомври во Кино Милениум, и Кино Фросина / МКЦ.

– Пред нас имавме голем предизвик оваа година да организираме класичен филмски фестивал, кој ќе обезбеди следење на филмската програма на големото платно, причините ги знаете сите, и поради тие исти причини го поместуваме малку порано фестивалот на почетокот од октомври 2020 наместо вообичаено за нас резервираниот термин во месец ноември. Иако годинава поради протоколите нема да може да се дружиме лично со интернационални или домашни гости во форма на предавања и презентации, сепак ве уверуваме дека имаме одлична филмска програма која нема да отстапи од курсот на ЕХО и пораката што ја пренесува – велат организаторите.

Филмската програма ја сочинуваат 29 филмови од автори од 15 земји, сите претставуваат Македонска премиера, а има и неколку наслови кои својата светска премиера ќе ја имаат на фестивалот.