„Елено моме, Елено“ во изведба на „Da Capo“ во Музејот на град Скопје

674
Фото: Дарко Андоновски

Пред многубројна публика вечерва во Музејот на град Скопје, се одржа концертот на мандолинскиот квартет „Da Capo“ од Сплит, Хрватска.

Мандолинскиот квартет „Da Capo“ од Сплит го сочинуваат брачните партнери Ивана Кенк Калебиќ и Томислав Калебиќ, Стела Иванишевиќ која е ученичка на Ивана и Стипан Поповиќ, кој свири гитара.

За Нова Македонија пред самиот почеток на концертот ни изразија голема благодарност за иницијативата да се покрие медиумски овој културен настан, како и за разговорот воден со нив.

Сите членови на овој квартет се професори во државни училишта во Сплит, но покрај тоа за својата публика шурум светот, свират на различни културни манифестации, од каде се враќаат со бројни награди.

Нивните почетоци датираат од детските денови, учеле да свират мандолина во мандолински оркестри во основните училишта каде се образовале, за понатаму во животот да се предодредат за оваа професија.

Мандолинскиот квартет „Da Capo“ од Сплит, е формиран во септември 1997година под името Мандолински квартет „Сплит“ со уметничкиот директор, денес за жал, починатата Марина Катунарича, најголем музички педагог и едукатор на мандолинската „жица“ во регионот на Далмација.

„Da Capo“ со својот широк опус изведува дела од ренесансата, класика, барок, па се до џез, блуз, рок.

На програмата пред македонската публика беа изведени делата од Бетовен, Калаче, Амадеи, Албениз, Тадиќ, Келебиќ, Мандонико, Сунко, а за бис, како изненадување за публиката ја отсвиреа македонската народна песна „Елено моме, Елено“.