Екипата на „Медена земја“ ќе добие награда од три милиони денари

102

„Медена земја“ ќе биде наградена со три милиони денари, одлучи Владата на вчерашната седница. Ваквата информација ја соопштија и техничкиoт премиер Оливер Спасовски и министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејбук профил.

– Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо срце. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот „Медена“ на нашата земја. Бидејќи нѐ направивте тооолку горди! – напиша Ангеловска на Фејбук.

Документарниот филм „Медена Земја“ не доби оскар, но беше номиниран во две категории – за најдобар документарен филм и за филм од неанглиско потекло.