Дорфулија од „Медена земја“ една од десетте најатрактивни европски локации за филм

99

Дорфулија од „Медена земја“ се најде меѓу десетте најатрактивни европски локации за филм. Изборот за најдобра локација се уште трае и може да се гласа до 30 декември на овој линк https://cineuropa.org/en/felaprofile/380513/#cm.

По третпат, Европската мрежа на комисии за филмови (EUFCN), во соработка со филмскиот портал Cineuropa , го организира изборот за најдобра европска локација за филм во филмската и ТВ-индустријата. Во првата фаза од натпреварот, секоја членка на EUFCN номинираше една локација од нивниот регион, односно земјата којашто е преставена во филмот, ТВ сериите или документарниот филм објавен помеѓу јануари 2018 и јули 2019 година.

Десетте локации во конкуренција за награда, од кои сите ја истакнуваат убавината и разновидноста на Европа, се:

Хрватска: Завршје -Piemonte d’Istria / Istria Film Commission, Robin Hood – Otto Bathurst

Грција, Атина: Hellenic Film Commission, The Little Drummer Girl – Chan-wook Park

Литванија, Вилнус: Vilnius Film Office, Chernobyl – Craig Mazin

Германија, Delphi Theatre : Berlin Brandenburg Film Commission, Babylon Berlin – Henk Handloegten, Tom Tykwer, Achim von Borries

Македонија, Дорфулија: Macedonia Film Agency, (Медена земја) Honeyland – Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov

Шпанија, El Hierro : Canary Islands Film, Hierro- Jorge Coira

Ирска, Luggala : Screen Ireland, Vikings – Мichael Hirst

Украина, Lviv : Lviv Film Commission, Eva.Stories – Mati Kochavi, Maya Kochavi

Италија, Rocca Guidonesca di Rocchettine / Roma Lazio Film Commission, Il Nome della Rosa – Giacomo Battiato

Белгија, Royal Brussels: Screen.Brussels, Les Miserables – Tom Shankland.