Доделени наградите на конкурсот „Ремиксувај ја својата културна стварност“

110

Јулијана Русоклија, Дарко Дојчиновски и Ивана Темелковска ги освоија трите главни награди за редизајн на конкурсот „Ремиксувај ја својата културна стварност“, додека осуммина учесници беа наградени со книгите, „Киборшка естетика“ на Вангел Ноневски и „Дедлајна, љубов моја!“ на Владимир Лукаш.

Организаторите на конкурсот добија голем број редизајни на постери за македонски филмови, корици на музички албуми и на книжевни дела, од вкупно 58 учесници, кои беа оценети од организацискиот тим на проектот и од надворешно ангажираните стручни лица.

На вечерашниот завршен настан во кино „Култура“ беше прикажана видео-презентација на најиновативните редизајни од конкурсот. Присутните можеа и да ја следат јавната дебата на тема „Новите медиуми и авторските права помеѓу криминализацијата и културната виталност“, на која учествуваа Небојша Вилиќ и Вангел Ноневски, а модератор беше Јордан Шишковски.

Проектот „Ремиксувај ја својата културна стварност“ е финансиски поддржан од Министерството за култура. В.Т.